Ben Andoni was born in Tirana (1966). He studied Geography-History in Faculty of History-Philology of Tirana. In addition, He is post graduated for Managing Business Administration at Sheffield University (UK). Since 1996 his main profession has been as a journalist. He was managing “Milosao”, a National Cultural Supplement in the last 12 years. Also, he is working regularly for columns concerned national politics and Kosovo’s issue. He translated from Slavic and English literature more than 30 prominent authors, mostly from Serbian. Among the most popular names are those of Vasko Pope (The entire literary opus); Milorad Pavić, Danilo Kiš, Meša Selimović, Dragan Velikić, Vladislav Bajac, Daša Drndić, Vladimir Arsenijević, Vladimir Pištalo, Enes Karić, Ivana Brlić Mažuranić, Srdjan Srdić, Srđan Valjarević, Tadeusz Różewicz (Whole poetic work-From English), Vladimir Nabаkov, Czesław Miłosz (from English) and many others from the Balkan languages. He has also been engaged in many documentaries and social media engagements, but also in the creation of shows dedicated to liberation from fascism. For a few years he has been engaged as a Communication lecturer at the Faculty of Foreign Languages in Tirana (Department of German). He holds several national awards: -The “Vangjush Gambeta” career prize in printing journalism for 2010 -Best Albanian Journalist for Cultural publicity (2011)-National Prize “Teodor Keko” -National Prize for Humanities Values-2012 -Prize “Ally of LGBT for year 2014” -The First Prize for Social journalism-2014, awarded by the Institute of Media and UNDP in Tirana. | Бен Андони е роден во Тирана (1966). Студирал географија и историја на Историско-филолошкиот факултет во Тирана. Завршува постдипломски студии за управување со бизнис администрација на Универзитетот Шефилд (Велика Британија). Од 1996 година неговата главна професија е новинар. Тој раководеше со „Милосао“, Национален културен додаток во последните 12 години. Исто така, тој редовно пишува колумни за националната политика и за косовското прашање. Преведувач е од англиски и Словенски јазици на повеќе од 30 истакнати автори, претежно од српски јазик. Меѓу најпопуларните имиња се имињата на Васко Попе (целиот литературен опус); Милорад Павиќ, Данило Киш, Меша Селимовиќ, Драган Великиќ, Владислав Бајац, Даша Дрндиќ, Владимир Арсениевиќ, Владимир Пиштало, Енес Кариќ, Ивана Брлиќ Мажураниќ, Срѓан Срџиќ, Срѓан Ваљаревиќ, Тадеуш Рожевич (целото поетско дело од англиски), Владимир Набаков, Чeслав Милош (од англиски) и многу други од балканските јазици. Беше ангажиран и во многу документарни филмови, активен е на социјалните мрежи, а исто така учествува во создавање емисии посветени на ослободувањето од фашизмот. Неколку години е ангажиран како предавач по комуникации на Факултетот за странски јазици во Тирана (Катедра за германски јазик). Добитник е на неколку државни награди: -Наградата „Ванѓуш Гамбета“ за новинарство во печатени медиуми за 2010 година -Најдобар албански новинар за културна публицистика (2011)-Национална награда „Теодор Кеко“ -Национална награда за хуманистички вредности-2012 година -Награда „Сојузник на ЛГБТ за 2014 година“ -Прва награда за социјално новинарство-2014 година, доделена од Институтот за медиуми и УНДП во Тирана. |