Здружението на граѓани „ Езеро без граници “ е непрофитна, невладина, непартиска и нерелигиозна организација. Граѓаните се здружуваат во Здружението на граѓани „Езеро без граници “, заради остварување на поширокиот општествен интерес, како и заради вршење на дејности и активности за подобрување и унапредување на благосостојбата на сите граѓани на Општината Ресен и пошироко.
„Езеро без граници“ е формирано на 01.12.2009 година во Ресен, и си ги постави за остварување следниве посебни цели и задачи:
Од сите поставени цели и задачи најголема придобивка на Здружението е организирањето на Интернационалниот Театарски Фестивал "Актерот на Европа", кој се одржува секоја година, традиционално, од 06-11.јули, во Ресен, и кој наредната 2020 година ќе го има своето 18-то издание.
Фестивалот се одржува во духот на културната соработка меѓу трите народи кои го делат Преспанското Езеро: Македонија, Грција и Албанија, под мотото "Езеро без граници" , а учество досега имаат земено учесници од 35-тина земји , со изведени над 100 претстави во целиот изминат период. Низ Фестивалот продефилирале врвни имиња на театарската уметност, почнувајќи од првиот добитник на признанието "Актерот на Европа" актерот Љуба Тадиќ (Србија), преку Роже Мирмонт и Марсел Бозоне (Франција), Моника Сантори (Италија), Мариус Куркински (Бугарија) Димитри Оргоцки (Албанија), па се до големиот Питер Брук од Англија , Ана Петерсон од Шведска, Јон Карамирту од Романија, Раде Шербеџија и многу други.
Особено сме горди на овој фестивал, бидејќи тој е најголемиот културен настан што се случува во Преспанскиот Регион, а истовремено е и најголемиот промотер на Преспа, пред странските учесници, гости и посетители на Фестивалот, што е една од приоритетните цели на формирањето и постоењето на ова Здружение. Со оглед дека се одржува во летниот период, т.е во туристичката сезона тој е и единствениот културен настан во Преспа, кој што достојно може да ја презентира нашата држава, пред бројните странски и домашни гости и туристи кои го посетуваат овој крај.
„Езеро без граници“ е формирано на 01.12.2009 година во Ресен, и си ги постави за остварување следниве посебни цели и задачи:
- Културна соработка меѓу Македонија, Грција и Албанија, трите народи и трите јазици кои што се говорат во Преспанскиот регион,
- Oрганизирање на традиционалниот Интернационален театарски фестивал„ Актерот на Европа“.
- Пренесување на искуства од областа на аудиовизуелните уметности
- Поддржување на иницијативи, активности и реализација на проекти кои придонесуваат за подигнување на нивото на образование и култура на граѓаните;
- Истражувачко-апликативна работа и вклучување на членовите на Здружението во разни истражувачки проекти, настани, конференции семинари, работилници и слично;
- Реализација на меѓународни проекти,
- Реализација на проекти за меѓугранична соработка, Преспа Парк и Еврорегион
- Развој на алтернативните форми на туризам во Преспанскиот регион
- Покренување на иницијативи за разрешување на економските и социјалните проблеми, како и на проблемите на руралниот развој во Општината Ресен и пошироко;
- Заштита на животната средина, како и унапредување на човековата работна и животна околина;
- Развој на демократијата, унапредување на демократските процеси, како и функционалноста на граѓанското општество;
- Други проекти во врска со реализација на Програмските определби на Здружението.
Од сите поставени цели и задачи најголема придобивка на Здружението е организирањето на Интернационалниот Театарски Фестивал "Актерот на Европа", кој се одржува секоја година, традиционално, од 06-11.јули, во Ресен, и кој наредната 2020 година ќе го има своето 18-то издание.
Фестивалот се одржува во духот на културната соработка меѓу трите народи кои го делат Преспанското Езеро: Македонија, Грција и Албанија, под мотото "Езеро без граници" , а учество досега имаат земено учесници од 35-тина земји , со изведени над 100 претстави во целиот изминат период. Низ Фестивалот продефилирале врвни имиња на театарската уметност, почнувајќи од првиот добитник на признанието "Актерот на Европа" актерот Љуба Тадиќ (Србија), преку Роже Мирмонт и Марсел Бозоне (Франција), Моника Сантори (Италија), Мариус Куркински (Бугарија) Димитри Оргоцки (Албанија), па се до големиот Питер Брук од Англија , Ана Петерсон од Шведска, Јон Карамирту од Романија, Раде Шербеџија и многу други.
Особено сме горди на овој фестивал, бидејќи тој е најголемиот културен настан што се случува во Преспанскиот Регион, а истовремено е и најголемиот промотер на Преспа, пред странските учесници, гости и посетители на Фестивалот, што е една од приоритетните цели на формирањето и постоењето на ова Здружение. Со оглед дека се одржува во летниот период, т.е во туристичката сезона тој е и единствениот културен настан во Преспа, кој што достојно може да ја презентира нашата држава, пред бројните странски и домашни гости и туристи кои го посетуваат овој крај.
INTERNATIONAL UNIVERSITY EUROPA PRIMA - SKOPJE
International University EUROPA PRIMA was established in May 2007 under the name of the European Film Academy ESRA, Paris-Skopje-New York, by signing of the agreement with ESRA Paris, establishing the first higher education institution of its kind in Southeast Europe.
This act had a common initial, ideological and historical point, with the decision to introduce the annual World Prize for Humanism, of the Ohrid Academy of Humanism, as a continuation of the tradition of the First Medieval School of Humanism, formed by St. Clement and St. Naum, the students of St. Cyril and Methodius, which Pope John Paul II, in 1980, declared as protectors of Europe. The first winner of this award was Japanese humanist Daisaku Ikeda, and in the years that followed this significant award was given to names such as Nobel laureates Alexander Solzhenitsyn (Russia), Herta Muller (Germany), then the legendary Peter Brook (UK), Ravi Shankar, (India), Romano Prodi (Italy) etc. Headlines of World Prize for Humanism have been published in the world’s leading media on all continents.
As early as next year, with the expansion of academic programs in the field of music, theater and modern dance, as well as the signing of agreements with the University of Volkwang from Essen, Germany, and Codarts from Rotterdam, the Netherlands, the university established itself in higher education under the name University of audiovisual arts, European Film, Theater and Dance Academy EFTA, Skopje-Paris-Essen-Rotterdam.
From the very beginning of its activity, through the quality of curricula and teaching staff, which included renowned names in the field of audiovisual and stage arts, the university is profiled as an attractive destination for many creative young authors and artists, from Macedonia, and beyond, from the region of Southeast Europe. So far, more than 300 students have earned academic degrees in the first and second cycle of studies, and contribute greatly to shaping the cultural and social profile of their environment.
In this context, with the intensification of communications with European universities, in 2011 the university launched the SEE a Paris Film Festival in collaboration with INALCO Paris-Cite-Sorbonne, which turned into a window for promotion of authors from all the countries of Southeast Europe. The festival was covered by the prestigious Le Monde, the weekly Telerama, the French-German television ARTE, and other well-known media outlets. Many, now proven filmmakers, experienced their first affirmation on the European stage on this festival, which, now in 2020 celebrates its tenth anniversary, now under the auspices of the French Ministry of Culture.
In 2016, with the signing of agreement with Humboldt University, the festival expanded in Berlin, under the name SEE a Berlin, as a valorization of the past, the present and the future, of all the great figures of Balkan cinema, in the two European centers.
That same year, at the request of the Ningbo Museum of Contemporary Art, near Shanghai, our university signed an agreement on cultural and academic cooperation to organize a biennial edition of the SEE Festival in China, with the participation of Central and Southeast European countries.
In 2017, the university started a cooperation with the University of Pantheon Assas Sorbonne II in Paris, and the University of Southern California in Los Angeles, in the joint organization of the international conference “4D – Digital Society, Digital Security, Digital Media, Digital Future”. With the accreditation of the Department of Film and Digital Media, the university is emerging in the new space of global challenges, and modern academic profiles, which impose themselves as an imperative.
The same year, the university initiated the creation of the Academia Balkanica Europeana, which involves some of the most relevant creative figures of artistic and social life in Southeast Europe. With the relocation of the organization’s headquarters from Bucharest to Skopje, the university is further strengthening its creative academic capacity.
After signing 12 international agreements with various universities various universities in Europe, the university has broadly transcended the boundaries of its local mission, and become a subject of European educational reality. In this regard, we should certainly mention a number of important names from the global cultural, artistic and academic scene, who over the years have gained the prestigious Doctor Honoris Causa degree of our university, such as Jiri Menzel (Czech Republic), Charles Aznavour and Jean-Claude Carrier (France), Miki Manojlovic (Serbia), Aleksandar Morfov (Bulgaria), Abdullah Sidran (BiH), Ion Caramitru (Romania), Robert Wilson (USA), Samuel Wuersten (Netherlands), Karen Shakhnazarov (Russia), etc.
One of the most important activities of the university is the organization of the International Theater Festival Actor of Europe, which has been held for 19 consecutive years, in the period from 6 to 11 July, on the shores of Lake Prespa. This festival stands out as one of the most important cultural events in the region of Prespa. The visionary who initiated this act, was the French writer Jacques Lacarrière, with his mythical text Thousands yesterdays and only one tomorrow (published in Paris’ Figaro 2003), becoming an eternal guardian angel of the spirit of the Actor of Europe.
Following the idea by professor Jean-Patrick Conrad of Imperial College, broadly supported by a number of international collaborators, students, professors, the Senate of our university has approved the proposal to change its name into The International University EUROPA PRIMA.
This event will be symbolically marked, by the new edition of the book Europe of our common home by Jean Monnet, as an essential work that reflects the spirit and mission of the university.
The motive of Europa Prima as a female character has been present on the various artistic creations throughout European, since the 14th century. It is represented as a symbol of Alma Mater, i.e. the center between the Heart, the Mind and the Hand of the human genius.
With that, the new academic odyssey of our university begins, expressed through the renaissance of new study programs in the spirit of the global academic challenge.
Crativity is around
Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА е формиран во мај 2007 година, под името Европска филмска академија ЕСРА, Париз-Скопје-Њујорк, со потпишувањето на договорот со ЕСРА Париз и представува прва високообразовна институција од овој вид во Југоисточна Европа.
Овој чин, имаше заедничка иницијална, идеолошка и историска точка, со одлуката за воведување на годишна Светска награда на хуанизам, на Охридската академија на хуманизмот, како продолжение на традицијата на Првата средновековна школа на хуманизмот, формирана од Св. Климет и Св. Наум, учениците не Св. Кирил и Методиј, што Папата Јован Павле II, во 1980 година ги прогласи за заштитници на Европа. Првиот добитник беше јапонскиот хуманист Даисаку Икеда, а во годините што следеа оваа значајна награда ја понесоа светски имиња како нобеловците Александр Солжењицин (Русија), Херта Милер (Германија), потоа легендарните Питер Брук (Велика Британија), Рави Шанкар (Индија), Романо Проди (Италија) итн. Одгласи за Светската награда на хуманизмот се објавени во водечки светски медиуми на сите континенти.
Веќе следната година, со проширувањето на академските програми во областа на музиката, теататрот и модерниот танц, како и со потпишувањето на договорите со познатите универтизитети Фолкванг од Есен, Германија и Кодартс од Ротердам, Холандија, универзитетот се етаблира во високообразовниот простор под името Универзитет за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија ЕФТА, Скопје-Париз-Есен-Ротердам.
Во тој контекст, со интензивирање на комуникациите со европските универзитетити, во 2011 година, универзитетот го покрена Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (SEE a Paris), во соработка со INALCO Paris-Cite-Sorbonne и се претоври во своевиден прозорец за творците од сите земји од Југоисточна Европа. За овој фестивал пишуваа престижниот Le Monde и неделникот Telerama, француско-германската телевизија ARTE, и други познати медиуми. Голем број, сега веќе докажани филмски автори, својата прва афирмација на европска сцена ја доживеаа токму на овој фестивал, кој го слави својот десетгодишен јубилеј, сега и под покровителство на Министерството за култура на Франција.
Во 2016 година, со потпишување на договорот со Унивезитетот Хумболт, фестивалот се прошири и во Берлин, под името SEE a Berlin и на тој начин се реализира една високообразовна и креативна мисија, со вреднување на минатото , сегашноста и иднината на сите големи фигури на балканската кинематографија, во двата европски центри.
Истата година, на барање на Музејот на современата ументоност од Нингбо, во непосредна близина на Шанагај, нашиот универзитет потпиша договор за културна и академска соработка за организација на биенално издание на SЕЕ фестивалот во Кина, со учество на земјите од централна и југоисточна Европа.
Во 2017 година, со започнувањето на соработката со Универзитетот Пантеон Асас Сорбона II од Париз и Универзитетот од Јужна Калифорнија од Лос Анџелес, во текот на подготвките на интернационалната конферецнија „4Д – Дигитално општество, дигитална безбедност, дигитални медиуми, дигитална иднина“, како и со акредитирањето на катедртата Филм и Дигитални медиуми, универзитетот излегува во новиот простор на глобалните предизвици на современите академски профили кои се наметнуваваат како импеатив.
Исто така универзитетот го иницира создавањето на Academia Balkanica Europeana, која во себе ги обединува најмаркантните креативни фигури на уметничкиот и општествениот живот од Југоисточна Европа. Со преместувањето на седиштето на оваа организација од Букурешт во Скопје, универзитетот дополнително го етаблира својот креативен академски капацитет.
По потпишувањето на 12 меѓународни договори со разни универзитети од Европа и светот, универзитетот широко ги надмина границите на локалната мисија и стана субјект во европската едукативна реалност. Во таа насока, треба секако да се истакнат редица значајни имиња од европската и светската културна, уметничка и академска сцерна, кои низ годините го понесоа престижното признание Doctor Honoris Causa на нашиот универзитет, како што се Јиржи Менцел (Чешка), Шарл Азнавур и Жан-Клод Кариер (Франција), Мики Манојловиќ (Србија), Александар Морфов (Бугарија), Абдулах Сидран (БиХ), Јон Карамитру (Романија), Роберт Вилсон (САД), Самуел Вуерстен (Холандија), Карен Шахназаров (Русија), итн.
Една од најважните дејности на универзитетот е организацијата на Меѓународниот театарски фестивал Актерот на Европа , кој се одржува веќе 17 години, во периодот од 6 до 11 јули на бреговите на Преспанското Езеро. Овој фестивал се издвојува како еден од најважните културни настани во регионот на Преспанското Езеро. Првиот визионер на овој чин беше францускиот писател Жак Лакариер, со неговиот митски текст Илјадници вчера и само едно утре (објавен во париски Фигаро 2003) го направи вечен ангел чувар на духот на Актерот на Европа.
По идеја на професорот од Imperial College од Лондон, Жан Патрик Конрад и со широка поддршка од голем број интернационални соработници, студенти, професори, Сенатот на нашиот универзитет го усвои предлогот за преименување во Интернационален универзитет ЕУРОПА ПРИМА. Еуропа Прима како женски лик е присутна на гравурите од повеќе европски центри, почнувајќи од 14 век. Таа е претставена како симбол на Alma Mater, односно центарот помеѓу Срцето, Умот и Раката на човечкиот гениј.
Со тоа започнува новата академска одисеја на нашиот универзитет, изразена преку ренесансата на новите студиски програми во духот на глобалниот академски предизвик.
Resen Municipality
Plostad "Marsal Tito" br. 20
7310 Resen, Macedonia
mail: [email protected]
tel. +389 47 551 770
fax. +389 47 551 768
7310 Resen, Macedonia
mail: [email protected]
tel. +389 47 551 770
fax. +389 47 551 768
Н.У. Центар за култура Битола
НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА
Широк Сокак бб, 7000 Битола, Македонија
tel. +389 47 233 419
fax. +389 47 233 419
Широк Сокак бб, 7000 Битола, Македонија
tel. +389 47 233 419
fax. +389 47 233 419
Dom na kultura Resen
ОУ Дом на култура Драги Тозија - Ресен
29. Ноември бр. 47 Ресен 7310 Македонија
[email protected]
+389 47 551 021
+389 71 578 978
29. Ноември бр. 47 Ресен 7310 Македонија
[email protected]
+389 47 551 021
+389 71 578 978
Децентрализирана соработка Долна Нормандија и Македонија
Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија има основна цел да придонесе за развојот на доброто локално владеење и рамномерниот регионален развој во двете територии. Оваа соработка се реализира преку преку размени на добри практики во повеќе области меѓу различни чинители како локални власти, здруженија на граѓани, образовни установи и приватен сектор.
Bitolski informativen nedelnik Javnost
Битолскиот информативен неделник “Јавност” обезбеди репутација на сериозен и респектибилен весник кој со своите теми кои ги третира и професионални текстови, претендира и конкурира и на националниот информативен простор на Република Македонија. Текстовите се актуелни, професионални, а темите издржани и проверени со што весникот се вбројува во најценетите медиуми во Македонија.
Директор главен и одговорен уредник: Зоран Пејковски
“Прилепска бр. 29”, Пелагонка I, локал 14, Битола
Телефон: +389 47 241423
Е-mail: [email protected]
Директор главен и одговорен уредник: Зоран Пејковски
“Прилепска бр. 29”, Пелагонка I, локал 14, Битола
Телефон: +389 47 241423
Е-mail: [email protected]