Стојан Андов е роден 1935 година во Кавадарци, Република Македонија.Основно образование и гимназија завршил во родниот град. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет. Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во преговорите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.). Се смета за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија. Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година). Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект. По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет. Избиран е за потпретседател на Либералната интернационала. На првите повеќепартиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. На вторите повеќепартиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието - должност што ја извршуваше до март 1996 година. Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија на изборите во 1998 година. На 30 ноември 2000 година беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија. Андов се занимава и со теоретски прашања од областа на економијата, со публицистика и со книжевност. Автор е на повеќе книги од областа на економскиот и политичкиот систем, како и од областа на книжевноста: Располагање и управување со општествениот капитал 1985; На мој начин, 2003; Од мој агол; Стравот и љубовта; Кицо американецот, 2008; Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија, 2013; Приказната на Марија, 2014; Драматичната 1991 година, 2015; 1992 - година на опасни предизвици, 2016; Успеси и заговори – 1993 година, 2017; Моите патувања, 2018; До атентатот и по него, 2018. | Stojan Andov was born in 1935 in Kavadarci, Republic of Macedonia. He finished primary education and gymnasium in his native city. He graduated at the Faculty of Economics in Skopje, and received his master's degree at the University of Belgrade. He was the vice president of the Republic Executive Council, a member of the Macedonian delegation to the Assembly of the Republics and the Provinces and a member of the federal government in three terms, where his role as negotiator in the negotiations of the former Yugoslavia with the experts of the EEC (1971-1987) was noted. He is considered a great conseur and expert on economic issues, as well as a market-oriented politician. He was the ambassador of the former Yugoslavia in Iraq (1987-1991). Stojan Andov is the founder of the Liberal Party of Macedonia and its president, and he led the Liberal Party until the merger with the former DP in 1997, when he became President of the Council of the newly formed political entity. After the renewal of the Liberal Party of Macedonia, he was elected a member of the Executive Committee. He was elected vice president of the Liberal International. In the first multi-party elections in 1990, he was elected MP in the Assembly of the Republic of Macedonia, and became President of the Assembly in January 1991. On the second multi-party elections in 1994, he was again elected MP in the Assembly of the Republic of Macedonia, and for the President of the Assembly - a duty that he performed until March 1996. He was elected MP in the Assembly of the Republic of Macedonia on the elctions in 1998. On 30 November 2000 he was elected President of the Assembly of the Republic of Macedonia, again. Andov also deals with theoretical issues in the field of economics, journalism and literature. He is the author of several books in the area of economic and political system, as well as in the area of literature: Social Capital Equipping and Management 1985; In my own way, 2003; From my corner; Fear and love; Kico ‚ The American, 2008; Josip Broz Tito and the dissolution of Yugoslavia, 2013; The story of Mary, 2014; The dramatic 1991, 2015; 1992 - the year of dangerous challenges, 2016; Successes and plots - 1993, 2017; My travels, 2018; To and after the assassination, 2018. |
0 Comments
Leave a Reply. |
Text from Jacques Lacarrière, spiritual founder of Actor of Europe, published in Figaro, Paris, 2003 for the First edition of the Festival.
Archives
June 2024
Categories |