Методи Јоновски е новинар, публицист, лексикограф и преведувач, но пред се, 60 години со илјадници написи пишува за Преспа афирмирајќи ги сите аспекти на живеењето низ историјата и денес. Роден е во Претор на источниот брег на Преспанското Езеро и живее и работи во Скопје, но синтагмата „Преспа во срцето“ за него има повеќе од буквална смисла. По вокација лингвист, завршил англистика, а се усовршувал на постдипломски студии по новинарство. Бил на раководни функции во Здружението на новинарите на Македонија и во Југословенскиот комитет за развој на информаирањето. Бил делегат во Собранието на град Скопје, кандидат за пратеник во Собранието на Македонија како и на раководни функции во Сојузот на синдикатите на Македонија. Продолжувајќи ја традицијата на својот татко, хроничар и истражувач на Преспа, Кирил Јоновски, започнува да пишува за Ресен и Преспа уште во раните средношколски денови како дописник на весниците Нова Македонија и Вечер. Продолжува и во студентските денови, а потоа и како професионален новинар во Македонската радио телевизија како хонорарен дописник на весниците Политика, Борба, Вечерње новости, Привредни преглед, Економска политика како и на агенцијата Танјуг. Во последниве години речиси нема ден на социјалните мрежи да не објави нешто интересно за Преспа. Неговиот профил е една мала енциклопедија за Преспа. Издавач и главен и одговорен уредник е на првата монографија на Преспа од Кирил Јоновски, која ја има преведено на англиски јазик потоа на книгата „Преспа историска енигма“, исто така, од Кирил Јоновски како и на едиција фотографии од Преспа. Автор е на книгите „Преспанска хроника“, „Преспански сторенија и казанија“, „За нив бијат преторските камбани“ , „Преспанските дијалекти“ од кои секојдневно можат да се најдат извадоци со убави фотографии на социјалните мрежи. Во подготовка му се публикациите „Преспа-културно историски споменици“, „Една Преспа три национални парка“ и „Преспа- кој, кога, што“. Во изминатите 60 години учествува во истражувањето на топонимите и археолошките наоѓалишта во Преспа како и на феномените на Преспанското Езеро. Посебно го издвојува учеството во малата група истражувачи, предводена од неговиот татко Кирил Јоновски, кој во летото 1986 годиниа, докажа дека „Шурленското кале“ кај Отешево, не е некаква тврдина од времето на османлиите, туку дека тоа е крепоста „Константион“ во која византсикиот император Василиј Втори, во 1018 година, престојувал 55 дена, по освојувањето на Охрид на пат кон Свети Ахил и гробот на Цар Самоил. Со гордост истакнува дека неговиот татко Кирил Јоновски е основач и прв директор и сценограф на Кино-театарот „Први мај“ во Ресен кој во 1954 година стана матична сцена на драмската секција на КУД „Таше Милошевски“ од Ресен, чија култна драмска претстава била „Чорбаџи Теодос“, но и дека неговиот татко ја има проектирано и театарската сала, во тоа време една од ретките во Македонија. | Metodi Jonovski is a journalist, publicist, lexicographer and translator, but above all, for 60 years he has written thousands of articles about Prespa, affirming all aspects of life throughout history until today. He was born in Pretor on the east shore of Lake Prespa, and lives and works in Skopje, but the phrase "Prespa in the heart" has more than a literal meaning for him. After becoming a linguist, he graduated in English literature and language and completed his postgraduate studies in journalism. He has held managerial positions in the Association of Journalists of Macedonia and in the Yugoslav Committee for Development of Information. He was a delegate in the Assembly of the City of Skopje, a candidate for Member of the Assembly of Macedonia as well as for managerial positions in the Federation of Trade Unions of Macedonia. Continuing the tradition of his father, chronicler and researcher of Prespa, Kiril Jonovski, he started writing about Resen and Prespa in his early high school days as a correspondent for the newspapers Nova Makedonija and Večer. He continued in his student days, and then as a professional journalist in the Macedonian Radio and Television as a freelance correspondent for the newspapers Politika, Borba, Vecernje novosti, Privredni pregled, Economska politika and for the Tanjug agency. In recent years, there is almost not a day that does not publish something interesting about Prespa on social networks. His profile is a small encyclopedia of Prespa. He is the publisher and editor-in-chief of the first monograph on Prespa by Kiril Jonovski, which he has translated into English, then the book "Prespa Historical Enigma", also by Kiril Jonovski, as well as an edition of photographs from Prespa. He is the author of the books "Prespa Chronicle", "Prespa Stories and folktales", "For Them The Praetorian Bells Ring", "Prespa Dialects". He is preparing the publications "Prespa - cultural and historical monuments", "One Prespa, three national parks" and “Prespa - when, what, what”. For the past 60 years he has participated in the research of toponyms and archeological sites in Prespa as well as the phenomena of Lake Prespa. He especially emphasizes the participation in the small group of researchers, led by his father Kiril Jonovski, who in the summer of 1986, proved that the "Shurlen Fortress" near Oteshevo, is not a fortress from the time of the Ottomans, but that it is the fortress "Constantion "in which the Byzantine emperor Basil II stayed for 55 days in 1018, after the conquest of Ohrid on the way to St. Achilles and the tomb of Tsar Samuil". He proudly points out that his father Kiril Jonovski is the founder and first director and set designer of the Cinema-theater "First May" in Resen, which in 1954 became the home stage of the drama section of KUD "Tase Milosevski" from Resen, whose cult The play was "Chorbadzi Teodos", but also that his father designed the theater, at that time one of the few in Macedonia. |
0 Comments
Leave a Reply. |
Text from Jacques Lacarrière, spiritual founder of Actor of Europe, published in Figaro, Paris, 2003 for the First edition of the Festival.
Archives
July 2024
Categories |