Ласко Џуровски, графички дизајнер и типограф. Роден 1960 година во Ресен. Завршил економски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач и сопственик на студиото за дизајн и типографија ТОТЕМ. Сертифициран Top Designer во Америка. Дизајнирал повеќе од 400 етикети за клиенти од различни земји во светот: Америка, Јапонија, Канада, Италија, Австралија, Шпанија, Португалија, Данска, Шведска, Германија, Австрија, Холандија, Чиле… Автор е на дизајнот за македонските банкноти од 200 и 2000 денари. Активно се занимава со дизајнирање мултијазични фонтови за компанијата Rosetta. Неговиот фонт Clone е избран меѓу најдобрите 20 фонтови во светот според Typographica’s Best of 2015. Негови фонтови се вклучени во базата на една од најголемите светски софтверски компании - Adobe. Основач и организатор на „Типокујна“, типографска работилница за изработка на македонски кирилични фонтови. Активно се занимава со типографија, автор е на повеќе од 450 оригинални мултијазични фонтови, кои содржат македонска кирилица. Живее и работи во Скопје, Република Македонија. | Lasko Djurovski, graphic designer and typographer. Born in 1960 in Resen. He graduated from the Faculty of Economics at the University of "St. Cyril and Methodius" in Skopje. Founder and owner of the design and typography studio TOTEM. Certified Top Designer in America. He designed more than 400 labels for clients from different countries in the world: America, Japan, Canada, Italy, Australia, Spain, Portugal, Denmark, Sweden, Germany, Austria, Holland, Chile... He is the author of the design for the Macedonian 200 and 2000 denars banknotes. He is actively involved in designing multilingual fonts for the company Rosetta. His font Clone was selected among the top 20 fonts in the world according to Typographica's Best of 2015. His fonts are included in the database of one of the world's largest software companies - Adobe. Founder and organizer of "Tipokujna", a typographic workshop for the production of Macedonian Cyrillic fonts. He is actively engaged in typography, he is the author of more than 450 original multilingual fonts, which contain Macedonian Cyrillic. He lives and works in Skopje, Republic of Macedonia. |
0 Comments
Leave a Reply. |
Text from Jacques Lacarrière, spiritual founder of Actor of Europe, published in Figaro, Paris, 2003 for the First edition of the Festival.
Archives
July 2024
Categories |