Роден 1938 година во с. Буково, битолско. Дипломира на педагошката академија во Сарајево. Членува во разни оркестри во Мостар, Сараево и Сплит. Во 1965 година во Загреб, формира свој ансамбл "Алегро", со кој ги придружува скоро сите естрадни уметници од тоа време од Загреб, како Вице Вуков, Мишо Ковац, Ивица Серфези, итн. Подоцна се продружува на оркестарот на Драго Диклиќ, од 1967 година добива понуда од познатата загребаска група "Кенеди Бојс" со која настапува по Германија, Австрија и Швајцарија. 1970 година станува член на оркестрот "Георг Освалд", со кои оди на големи турнеи по Европа и Канада. Во 1977 станува член е на една од најреномираните групи во Германија, Австрија и Швајцарија "Оригинал Фламингос", а наредната година ја формира сопствената музичка атракција, како мултиинструменталист по име "Вангел Маседониа Шоу", воедно и се пријавува на еден интернационален конкурс на разни артисти во Грац, Австрија каде освојува прва награда. Настапува и по најексклузивнете туристицки центри, како и а на разни ТВ програми во Шпанија. Исто така настапува на фестивалот "Ријечки вечери", како и на Охридското и Битолското културно Лето. Има снимено 11 албуми, како интерпретор, композитор и аранжер од кои се издвојуваат последнте две изданија: "Галилеа", духовна музика во која пеат и говорат разни интерпретатори, и "Антологиа", во која изведува одбрани композиции како рекапитулација на досегашната дејност како мултиинструменталист и самостоен естраден уметник. | Born 1938 in the Bukovo, Bitola. He graduated from the Pedagogical Academy in Sarajevo. He was a member of various orchestras in Mostar, Sarajevo and Split. In 1965 in Zagreb, he formed his own ensemble "Allegro", which accompanied almost all the artists from that time from Zagreb, such as Vice Vukov, Misho Kovac, Ivica Sfefzi, etc. He later joined the Drago Diklic orchestra, and in 1967 he has received an offer from the renowned Zagreb band "Kennedy Boys" with which he performs in Germany, Austria and Switzerland. In 1970, he became a member of the Georg Oswald Orchestra, and went on major touring in Europe and Canada. In 1977 he became a member of one of the most renowned groups in Germany, Austria and Switzerland "Original Flamingos", and the next year he formed his own music attraction as a multi-instrumentalist called "Vangel Macedonia Show", and at the same time he applied for an international competition of various artists in Graz, Austria where he won the first prize. He performed in the most exclusive tourist and cultural centers in Spain as well as on various TV programs. He also performed at the festival "Rijeka Evenings", as well as the Ohrid and Bitola Cultural Summer. Vangel Machkovski recorded 11 albums, as an interpreter, composer and arranger, from which the last two editions are singled out: "Galilea", spiritual music in which various interpreters sing and speak, and "Anthology", in which he performs selected compositions as a recapitulation of his career as a multi-instrumentalist and independent artist. |
1 Comment
|
Text from Jacques Lacarrière, spiritual founder of Actor of Europe, published in Figaro, Paris, 2003 for the First edition of the Festival.
Archives
July 2024
Categories |