Actress Arta Doboshi was born in Kosovo, and grew up between Prishitna, Tirana, and North Carolina. Dobroshi is often cited for her striking presence and ability to breathe authentic life into the roles she plays. She has lived through the Kosovo war, and as a refugee in 1999 she worked with IMC (International Medical Corps) to help build a hospital in the camp in Macedonia. After the war she went on to work with Nato Troops in Kosovo, helping people who were coming back in their homes. Whilst in the Prishtina Academy of Arts-Acting department, she played in numerous theater play's and short films and choreodrama's. Arta Dobroshi shot to international renown for her depiction of Lorna in 'Le Silence De Lorna' directed by Jean-Pierre and Luc Dardenne. Dobroshi was nominated in Cannes for her remarkable work on the role. Dobroshi was also nominated for Best Actress at the European Academy Awards. She received unanimously high praise from international press. Her performance in Three Worlds directed by Catherine Corsini, won her the Barbara Tipple Best Actress Award at the Women's International Film and Television Showcase in Los Angeles and the nomination for Meilleur Espoir Feminine at the Cesar Awards in France. She has been awarded with the European Shooting Star Award at the Berlinale Film Festival. The jury commented: In Three Worlds, this actress displays a wealth of warmth and humanity. Her sensitivity and smartness literally take over the big screen the minute she appears. An overwhelming performance. Dobroshi stars in the Massive Attack video Come Near Me, featuring Ghostpoet. WIth her New Zealand film "Stray" directed by Dustin Feneley, Dobroshi won best actress at Festival des Antipodes in San Tropez. 'Stray' premiered at the 40th Moscow International Film Festival. Dobroshi's new film "Drita" where she stars and executive produced, premiered at the Zurich Film Festival 2019. Dobroshi stars in the new HBO/Sky Atlantic series "Gangs of London". She is currently working on the post production of her new film "Emili". This year 2020, Dobroshi was decorated by the French government with the Medal of Knighthood of Arts and letters ( Chevalier de l'ordre des arts et lettres), for her contribution in the arts. Dobroshi is an advocate of peace. She speaks of human rights throughout the world. | Актерката Арта Добоши е родена во Косово, а детството го поминува помеѓу Пришитна, Тирана и Северна Каролина. Доброши честопати се поврзува со нејзиното впечатливо присуство и способноста да вдише автентичен живот во улогите што ги игра. Таа беше непосреден сведок на настаните во војната во Косово, а како бегалец во 1999 година работеше за Меѓународниот Медицински Корпус, во изградбата на болница во кампот во Македонија. По војната, таа продолжи да работи со трупите на НАТО во Косово, помагајќи им на луѓето што се враќаа во нивните домови. Во периодот додека беше на Приштинската Академија на Уметностите - во Одделот за актерска уметност, играше во бројни театарски претстави, кратки филмови и кореодрами. Арта Доброши стекна меѓународна слава со нејзината улога на Лорна во „Тишината на Лорна“, во режија на Жан-Пјер и Лук Дарден, за која се здоби и со номинирација на Канскиот фестивал. Доброши исто така беше номинирана во категоријата Најдобра актерка на Наградите на Европската академија, при што наиде на позитивни критики од меѓународниот печат. Нејзината изведба во „Три света“ во режија на Кетрин Корсини, и ја донесе наградата за најдобра актерка - Barbara Tipple, на Women's International Film and Television Showcase во Лос Анџелес, како и номинацијата за Најдобра женска млада актерка на Наградите Цезар во Франција. Исто така, таа ја доби наградата European Shooting Star на Берлинскиот филмскиот фестивал. Во коментарот на жирито се вели: Во „Три света“, оваа актерка прикажува богатство на топлина и хуманост. Нејзината чувствителност и интелект буквално го превземаат големиот екран во моментот кога таа се појавува. Извонредна изведба. Доброши игра во видеоспотот на Massive Attack, Come Near Me. Со нејзиниот новозеландски филм „Залутани“ (Stray) во режија на Дастин Фенели, Доброши ја освои наградата за најдобра актерка на Festival des Antipodes во Сан Тропе. Истиот филм имаше премиера на 40-тиот Меѓународен филмски фестивал во Москва. Новиот филм на Доброши „Дрита“, каде што глуми и е извршен продуцент, беше премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Цирих во 2019. Доброши игра во новата серија на HBO / Sky Atlantic „Бандите на Лондон“. Во моментов работи на пост продукцијата на нејзиниот нов филм „Емили“. Оваа, 2020 година, француската влада ја награди со медалот Chevalier de l'ordre des Arts et lettres, за нејзиниот придонес во уметноста. Доброши е застапник на мирот. Таа зборува за човековите права низ целиот свет. |
0 Comments
Leave a Reply. |
Text from Jacques Lacarrière, spiritual founder of Actor of Europe, published in Figaro, Paris, 2003 for the First edition of the Festival.
Archives
June 2024
Categories |