Жирито на фестивалот „Актерот на Европа 2018“ во состав: проф. Мето Јовановски – претседател, проф. Лилјана Котевска – Плевнеш и проф. Гоце Ристовски – членови, ги додели и следните награди: Наградата „Наум Манивилов Преспански“ му се додели на актерот Дарјан Петров за улогата на „Дони Дарк“ во истоимената претстава во продукција на Театар Комедија од Скопје. Младата актерка Димитрина Мицкоска ја понесе наградата „Млада Европа“ за адаптацијата, режијата и изведбата на претставата „Женска утопија“, работена по мотиви од драмите на Јордан Плевнеш. Српската авторка Тијана Грумиќ ја доби Наградата за современ драмски текст за текстот „Кеплер 452Б“, во изведба на Театарот „Бора Станковиќ“ од Врање, во режија на Југ Ѓорѓевиќ. Наградата „Жак Лакариер“ за инвентивна сценска реализација се доделуи на Мирел Кнез од Р. Словенија, за адаптацијата и изведбата на монодрамата „Жените на Ибзен“ во режија на Ник Апер и на театарскиот проект „Четири еполети“ од Хачиф Мулиќи, во режија на Арта Мулиќи од Р. Косово. Гранд при, за најдобра изведба на фестивалот „Актерот на Европа 2018“ се додели на проектот од Р. Бугарија ОЧАЈ.АН.И.Е од Теодора Георгиева, работен според мотиви на драмата „Слугинки“ од Жан Жене, во на режија на Магдалена Славчева со актерките Никол Султанова и Беатрис Благоева. Оваа година престижната награда „Актерот на Европа 2018“ се додели на актерот Васили Лаерти од Албанија, за светската премиера на проектот „Пеколот на Агамнемнон“ работен по мотиви од Исмаил Кадаре. Овој драмски триптих е авторски проект на Васили Лаерти што тој сугестивно го изведе на три јазици: албански, грчки и англиски. | The jury of the festival "Actor of Europe 2018" consisting of: prof. Meto Jovanovski - President, prof. Liljana Kotevska - Plevnes and prof. Goce Ristovski - members, awarded the following prizes: The award "Naum Manivilov Prespansky" was given to actor Darjan Petrov for the role of "Donnie Dark" in the eponymous play produced by Theater Comedy from Skopje. The young actress Dimitrina Mickoska received the "Young Europe" award for adaptation, directing and performance of the play "Women's Utopia", based on motives from the plays of Jordan Plevnes. Serbian author Tijana Grumic received the Contemporary Dramatic Award for the text "Kepler 452B", performed by the Bora Stankovic Theater from Vranje, directed by Jug Djordjevic. The prize "Jacques Lacarrier" for the inventive stage realization was awarded to Mirel Knez from Slovenia, for the adaptation and performance of the monodrama "Women of Ibsen" directed by Nick Upper and the theater project "Four Epaulettes" by Haqif Mullici, directed by Arta Mullici from Kosovo. Grand Prix, for the best performance of the festival "Actor of Europe 2018", was presented to the project from Bulgaria by Teodora Georgieva, based on the motives of the play "The Maids" by Jean Genet, directed by Magdalena Slavcheva with actresses Nicole Sultanova and Beatrice Blagoeva. This year, the prestigious "Actor of Europe 2018" award was given to actor Vasili Laerti from Albania for the world premiere of the project "Agamemnon's Inferno", created by motives by Ismail Kadare. This dramatic triptych is the author's project by Vasili Laerti, which he suggests in three languages: Albanian, Greek and English. |
0 Comments
Leave a Reply. |
Text from Jacques Lacarrière, spiritual founder of Actor of Europe, published in Figaro, Paris, 2003 for the First edition of the Festival.
Archives
June 2024
Categories |