Меѓународниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, што годинава се одржа по 16-ти пат во Ресен предизвика огромно внимание во културната и општествена јавност не само во регионот на Балканот туку и пошироко во Европа, наметнувајќи се како своевиден фестивалски хит. Реакациите во медиумите, со високи оценки за организацијата и понудената фестивалска програма, не стивнуваат во овие десетина денови од завршетокот на оваа по многу нешта единствена манифестација. Истакнатиот француски театарски деец Жорж Бани, претседател на Светската асоцијација на театрски критичари, во списанието на Институтот за театар на Сорбона напиша дека фестивалот е уникатен по својата идеја да ја валоризира индивидуалната театарска одисеја на своите протагонисти како градители на европската цивилизација. Сосема невообичаено реномираниот грчки портал „Авги“ во својот осврт со најпофални зборови го оценува фестивалот „Актерот на Европа“ посочувајќи го како редок светол пример на доближување меѓу балканските земји со првиот манифест на Фестивалот објавен од Жак Ла Кариер во париски „Фигаро“ и продолжен со познатата балканофилија на Јордан Плевнеш која ги трансформира балканските безизлези во уметнички достоинства. Десетина најугледни албански медиуми меѓу кои Националната телевизија, потоа Топ каналот, исто така објавија реакции за Фестивалот истакнувајќи ја неговата суштина – да се покаже обединувачката моќ на уметноста меѓу народите и традициите, како и повеќе интервјуа со Лаерти Васил, годинашен добитник на наградата „Актерот на Европа“ од натпреварувачкиот дел за светската премиера на монодрамата „Агамемнон Инферно“,работена по мотиви на Исмаил Кадаре. Одгласи за фестивалот се објавени и во повеќе медиуми во Косово, Србија и Бугарија, а осбено впечатливо беше претставувањето на фестивалот во престижни медиуми во Босна и Херцеговина како што се ТВ Ал Џезеира, потоа неделникот за култура и политика „Став“ и други кои наградата за животно дело „Актерот на Европа’ на босанската актерка Селма Алиспахиќ ја вреднуваа како висок чин, на тоа дека во време во кое Балканот е споменуван во медиумите на светот како поле на политички криминал и корупција уметноста го брани како поле на взаемно разбирање и соработка. Повеќе информации на следните линкови: https://youtu.be/9MhIM_zDZUs http://stav.ba/selma-alispahic-dobitnica-nagade-actor-of-europe-moj-glumacki-put-uvijek-je-bio-usamljenicki-ali-svoj/ http://www.avgi.gr/article/10812/9040650/brabeio-choris-synora- https://youtu.be/ltGnu8m1Ycg https://youtu.be/9MhIM_zDZUs https://youtu.be/qf-c4n1vys8 | The International Theater Festival "Actor of Europe", which was held this year for the 16th time in Resen, caused enormous attention in the cultural and social public not only in the region of the Balkans, but also in Europe, imposing itself as a kind of festival hit. Media reactions, with high ratings for the organization and the festival program, do not subsist in these days since the end of this very unique event. Prominent French theater actor Georges Banu, president of the World Association of Theater Critics, wrote in a journal of the Sorbonne Theater Institute that the festival is unique in its idea of valorization the individual theater odyssey of its protagonists as builders of European civilization. The extremely unusually, the renowned Greek portal "Avgi" in its review of the festival, assesses the festival "Actor of Europe" very highly, pointing it as a rare bright example of rapprochement among the Balkan countries with the first manifest of the Festival published by Jacques La Carriere in Parisian "Figaro", and in continuation with the famous balkanophilia of Jordan Plevnes, which transforms the Balkan impasse into artistic virtues. A dozen of the most prominent Albanian media, including National television, followed by the Top Channel, also announced reactions to the festival highlighting its essence - to show the unifying power of art among nations and traditions, as well as in a several interviews with Laerti Vasil, this year's winner of the Actor of Europe Award from the competition section, for it's world premiere of the "Agamemnon's Inferno", based by the text of Ismail Kadare. The awards for the festival have also been published in several media outlets in Kosovo, Serbia and Bulgaria, and particularly impressive was the presentation of the festival in prestigious media in Bosnia and Herzegovina such as TV Al Jazeera, the culture and politics weekly magazine "Stav", about the Lifetime achievement award for 2018 winner, actress Selma Alispahic, wich evaluated the "Actor of Europe" as a highly important act in the Balkans, which defends the art as a field of mutual understanding and cooperation in the times when Balkan is mentioned in the media world as a field of political crime and corruption . More information on the following links: https://youtu.be/9MhIM_zDZUs http://stav.ba/selma-alispahic-dobitnica-nagade-actor-of-europe-moj-glumacki-put-uvijek-je-bio-usamljenicki-ali-svoj/ http://www.avgi.gr/article/10812/9040650/brabeio-choris-synora- https://youtu.be/ltGnu8m1Ycg https://youtu.be/9MhIM_zDZUs https://youtu.be/qf-c4n1vys8 |
1 Comment
|
Text from Jacques Lacarrière, spiritual founder of Actor of Europe, published in Figaro, Paris, 2003 for the First edition of the Festival.
Archives
June 2024
Categories |